ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што за Заев се легитимни средбите на неговите коалициски партнери со мафијаши

by Fokus

Аферата „Мафија“ покажува инволвираност на луѓе од власта на Заев и најтесна соработка со криминалци, нарко – босови и мафијаши, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандалозно е што Заев вели дека е легитимно неговите коалициони партнери да имаат средба со мафијаши. Во која друга земја пратеник од власта е во друштво со мафијашки структури, во која друга земја полицајци се лично обезбедување на мафијаши. Спасовски вади пасоши за мафијаши, полицијата ги чува, а Заев одобрува, ова накратко е шемата по која се делеле пасоши и државата овозможувала логистика за нарко картелите, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат министерот Оливер Спасовски да одговори, зошто нема потерница за луѓето кои ги користеле пасошите од аферата „Мафија“ и зошто никој не проверува дали има ланец на перење на пари организиран од овие нарко – босови.

-МВР на Спасовски досега обезбедувал логистика на лица поврзани со италијанската, албанската, црногорско српската и турската мафија. Заев и Спасовски ја претворија државата Колумбија на Балканот, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости