ВМРО-ДПМНЕ: СЈО тргна против верниците кои протестираа пред општина Центар

by fokus

По прес конференцијата на СЈО на која беше обелоденето дека ќе бидат поднесени првите две обвиненија, од кои едното за демолирањето на општина Центар, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

-Специјалното јавно обвинителство денеска даде најдобар пример за двојните аршини по кои работат. Обвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани кои одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротивставија на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради Црквата Свети Константин и Елена. Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејчката партија во својата реакција не го споменуваат другото обвинение кое го покрена СЈО, кое е за уништувањето на документацијата и опремата за прислушување.

Поврзани новости