ВМРО-ДПМНЕ: Силеџиите и криминалците од СДС ќе бидат изнесени пред лицето на правдата кога ќе се вратиме на власт

by Fokus

Силеџиството на СДС се случи само поради тоа што насилници се заканувале по семејството на советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба да гласа за СДС, со цел СДС да формира мнозинство, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Условот бил јасен или награда доколку советникот потклекне на притисокот и уцените или молотов коктел за неговиот дом, ако остане на својот став. Ако партиската испостава на СДС, МВР на Спасовски не излезе со детално расветлување на овој скандал кој е само продолжение на криминалните избори тие стануваат соучесник и заштитник на силиџиите, тогаш со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ овој и сите други криминали ќе бидат расчистени, а криминалците и силеџиите изнесени пред лицето на правдата – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости