ВМРО-ДПМНЕ: Штом Грција не дозволува, како планира СДСМ да влеземе во ЕУ?

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение испратено до јавноста ја осуди изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој уште еднаш порача дека „Македонија е грчка” и без промена на името нема да може да влезе во Европската Унија.

– Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување на конфликот помеѓу двете земји. И наместо да се реши спорот, тој се усложнува со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана по нивните граници – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тука најдоа место да ги обвинат и СДСМ дека лажат кога зборувале дека ќе ги забрзаат преговорите за членство во ЕУ.

-Во една ваква ситуација, кога Грција соопштува дека нема да дозволат да се користи името Македонија од наша страна како услов за НАТО и ЕУ, го прашуваме СДСМ како планира за 6 месеци или една година да почнеме преговори за членство во ЕУ, став кој тие јавно го промовираа. Дали планираат име во кое нема да се содржи зборот Македонија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости