ВМРО-ДПМНЕ: Што сакал да му продаде Заев на контроверзниот бизнисмен Али Гафур?

by fokus

Поранешниот премиер и сегашен лидер на СДСМ, Зоран Заев во Албанија се сренал со контроверзниот бизнисмен, Али Гафур од Либија со цел да му понуди продажба на дел од здравствениот систем во Македонија, а за тоа да му бидат платени милиони евра народни пари, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните се сеќаваат дека Заев и Филипче не така одамна говореа за еден вид на распродажба на јавното здравство и истото го претставуваа како јавно приватно партнерство. Сакаа да ја приватизираат Итната медицинска помош, лабораториите, ин витро процедурата, Јавните здравствени установи и се’ друго што може да биде профитабилно од здравствениот систем. Заев, наместо да лаже, треба да одговори која била темата на разговор со контроверзниот бизнисмен Али Гафур кој е под истрага за перење пари и корупција во Малта. Што сакал Заев да му продаде од здравството на бизнисменот Али Гафур? И, бидејќи е јасно дека кога Заев преговара бизнисот оди кај него и брат му, сега се поставува прашањето колку од тој здравствен бизнис бил за фирмите на Заеви? Заев е олицетворение на сомнителни бизниси со контроверзни бизнисмени.На сето ова ќе се стави крај на 12-ти април“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости