ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов троши 500 евра за клупи, а на интернет се продаваат за 150

by Fokus 11:21
11:21

Петре Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво со седум даски, додека во продавница или на интернет сајтови клупи се продаваат за 150 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За Шилегов се е решено и Скопје нема никаков друг приоритет, па реши дека и 500 евра за клупа, односно 350 евра повеќе од вообичаеното не е многу. Шилегов една клупа ја плаќа трипати поскапо.

- Advertisements -

Секаде понудите се плаќаш едно, а добиваш две или три, само кај Шилегов плаќаш три, а добиваш едно. Така е кога Шилегов располага со парите на скопјани, тие за него немаат тежина и обврска па се расфрла.

Скопје 4 години стагнира, нема капитални инвестиции, нема нови зелени површини, нема проекти кои ќе го подобрат животот на луѓето, но затоа има клупи од 500 евра.

Шилегов е најлошиот градоначалник, тој е пример како расипнички да се потроши буџетот, а да не се направи ништо. Четири години со Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е“, додаваат од опозицијата.

Поврзани новости