ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска направи пустош во АРМ

by fokus

СДСМ е партија што го измисли криминалот и корупцијата во Македонија и нема никакво право ниту кредибилитет да зборува за корупција. Наместо СДСМ да се става во заштита на криминалот на Шеќеринска, Шапуриќ и Царовска треба да побара одговор и одговорност од нив за незаконското и нетранспарентното делење на народни пари на министри во владата на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, СДСМ не знае и не умее да работи. Единствено што СДСМ го знае за корупцијата е како да измислува нови методи за лично богатење на партиските функционери.

,,СДСМ е соочена со корупциски скандали и афери за злоупотреба на власта и делење на буџетски пари, тендери и грантови. СДСМ и Шекеринска направи пустош во АРМ. Откако СДСМ и Шеќеринска го презеде министерството за одбрана, армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали. Граѓаните беа сведоци на низа скандали. Скандалозната набавка на мазут од страна на министерството за одбрана  од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут.  Од министерството не дадоа одговори  како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот.

Касарните среде зима останаа без греење, па војниците мораше да смрзнуваат во најладните денови, а голем дел војници кои патуваат не можеа да стигнат до работните места бидејќи министерството не потпиша договор за превоз на војниците.Јавноста исто така беше сведок на скандалозното поставување на Горан Василевски за прв човек на военото разузнавање кој што истиот претходно бил одбиван за безбедносен сертификат и паѓал на безбедносните проверки, за што се водела и постапка пред Управен суд”, смета партијата.

Како што се наведува во соопштението, негрижата и запоставеноста на АРМ заради неспособноста  на СДСМ доведе до тоа голем број на професионални војници да ја напуштаат армијата во потрага во подобар живот.

,,Додека Зоран Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, фирмите блиски до криминалниот картел на власт добиваат милиони евра на нивните сметки. За само нешто повеќе од година дена донатор фирмата Делук Ауто од Куманово има добиено тендери во висина од над 1.5 милиони евра за набавка на возила.

СДСМ мора да научи дека во Европската Унија и НАТО не се оди со скандали, корупција, криминал, користење на државни ресурси за приватни потреби, патување со државни службени џипови и хелихоптери, туку со работа и реформи.Македонија вака не може да продолжи. Македонија вака не оди никаде, а најмалку напред. Македонија со оваа власт не се движи кон ЕУ и НАТО.СДСМ ја носи државата во пропаст, хаос  и безредие и ова мора веднаш да престане”, се додава во соопштението.

Поврзани новости