ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека наш најголем успех е намалувањето на невработеноста

by Фокус

Намалувањето на невработеноста е најголем успех на oвaa Влада и СДСМ тоа добро го знае и нема друг рецепт за намалување на невработеноста од оној што го знаевме првиот ден, одговара ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека статистичкото намалување на невработеноста не е реално.

-Пред десет години пред нас имавме многу тешка задача. Се соочивме со рекорна невработеност од стапка од 38 проценти која ја остави токму СДСМ. Во екот на транзицијата 200 илјади луѓе останаа без работа и тие луѓе требаше повторно да создадеме услови да се вработат, но за тоа да го сториме требаше да се направи многу, требаше да се отворат нови фабрики, но и да се создадат подобри услови за работа со што и постоечките би можеле да ја зголемат својата работа, а со тоа да вработат нови луѓе, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости