ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да воведе едноумие

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 15 часот ја блокираше крстосницата кај „Мавровка“ во знак на протест за притворените осомничени за насилството во Собранието.

-Денеска сме тука да го искористиме нашето право на протест против политичкиот реваншизам што го прави власта и на овој начин кога прави политички реваншизам врз неистомислениците. Не нуди подобар животен стандард и подобар живот на граѓаните туку напротив не оддалечува од евроатланските интеграции и на овој начин Социјалдемократскиот сојуз  покажува дека не знае да владее демократски, туку напротив сака да воведе едноумие, рече Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ при блокадата на крстосницата.

Поврзани новости