ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ први се задолжија со еврообврзница

by fokus

Партиите продолжуваат да кршат копја за еврообврзницата, откако вчера Собранието го донесе ребалансот на буџетот за 2016-та во кој влегоа и тие 450 милиони евра.

Пратениците од опозицијата не гласаа, бидејќи не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата, за која тврдат дека е незаконски издадена.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се огласија со реакција, во која убедуваат дека нема ништо спорно во издавањето на еврообврзницата, а опозицијата само продолжувала да шири лаги за банкрот на државата.

-СДСМ не може да го оспори фактот дека издавањето на еврообврзницата е финансиски метод на работа на секоја европска земја, а во Македонија е воведен токму од страна на владата на СДСМ во 2004 година, истата влада тогаш ги потроши парите, ништо не изгради, а денес тој залуден заем на СДСМ се враќа. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму убедуваат и дека нето задолжувањето на домашниот пазар од почетокот на годината се приближувал на нула.

Поврзани новости