ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мисли дека се може да се купи со пари

by Фокус 18:42
18:42

СДСМ не може да се помири со фактот што претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски имаше средба со Потпретседателот на САД Џо Бајден и СДСМ мисли дека се може да се купи со пари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прашањата од СДСМ дали граѓаните плаќаат за странските ПР компании кои ги ангажира владејачката партија.

-СДСМ мисли дека и Вице Заев ако собере доволно евра по принципот „евро за партијата, евро за Вицето“, може да си купи средба кај Џо Бајден, потпретседателот на САД, заменикот на Барак Обама. Ова тврдење на СДСМ не само што е срамно и инфантилно, туку е и навредливо за институцијата Потпретседател на САД. СДСМ мисли дека вториот човек во најсилната држава во светот има тарифник каков што имаат нивните советници од „Канвас“ и „Раскин и Хант“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека СДСМ требало да им соопшти на граѓаните колку ги плаќа советниците од Србија, сценаристите на протестите и на деструктивната кампања, колку чини советувањето од Срѓа Поповиќ, Бендер и Шчекиќ кое залудно го добивале Заев и СДСМ.

- Advertising -

Поврзани новости