ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира со референдумот за да го покрие криминалот

by Фокус

СДСМ свесно поттикнува поделби во општеството со изјаснување кој е „за“ и „против“ НАТО или ЕУ поистоветувајќи ја западната ориентација со поддршката на капитуланскиот договор со Грција со кој што Заев се обидува да го покрие криминалот што го прави, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Договорот со Грција не е ништо друго туку бришење на Република Македонија, македонскиот идентитет, откажување од традицијата, културата и историјата. Договорот со Грција значи менување на Уставот, јазикот и откажување од Македонците не само надвор од границите на државата, туку и во неа. Срамниот договор на Заев е капитулација каква што не прифатил ниту еден политичар досега. Таков капитулантски договор може да прифати само политичар кој нема ниту капацитет, ниту храброст, ниту образ да ги брани државните и национални интереси. Политичар кој е аболициран за криминал, кој продолжува да работи криминално и кој за да се спаси е подготвен да ја витка кичмата„, стои во ссоштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека не се европски вредности делење на средства од Фондот за иновации на роднини на функционери во Владата, доделување на тендери вредни милиони евра на фирми кои се формирани една недела пред да го добијат тендерот, бизнисите за марихуана и доделување на градежно земјиште…

Поврзани новости