ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е очаен губитник

by fokus

СДСМ е очаен губитник. На Бихаќка цврсто се држат за традицијата да не ја признаваат волјата на народот. Памет не им доаѓа ни кога резултатот од последните 10 изборни циклуси е 10:0 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.Сега СДСМ мисли дека ако замижи со двете очи, поразот кој го доживеа ќе престане да  постои. Тоа е можно само во земјите на чудата во кои живее СДСМ. Во реалниот свет во кој живеат сите останати, СДСМ на изборите беше поразен и прими јасна порака од граѓаните дека мнозинството е против кризите кои ги создаваат Бихаќка и Фабриките за афери, со цел да ја држат земјата во агонија, а граѓаните во грч, обвинуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека во состојба на очај СДСМ се обидува со нереален популизам да ги прелаже граѓаните дека сака да им го олесни животот.

-Не е за чудење доколку на наредните избори СДСМ вети дека доколку дојде на власт сите матуранти ќе имаат петки, а студентите десетки. Толкав е капацитетот на оваа партија која никогаш со прст не мрднала за подобрување на квалитетот на образованието, туку напротив, работела на негова штета. Сега со најновите т.н. реформи, СДСМ предлага бркање на наставници и професори од работа преку намалување на фондот на предмети и часови. И бркањето луѓе од работа е традиционална вредност на СДСМ која за среќа на граѓаните нема да се реализира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните гласале за програмата Реално и затоа нема да има бркања на професори и наставници од работа.

-Тоа е сигурно и јасно како ден. Но исто така реално ќе се оценуваат и учениците. Секаде во светот има континуирани тестирања и никаде опозицијата не купува поени со ветувања дека ќе го укине екстерното. Но, секаде во светот опозицијата исто така го признава и прифаќа поразот на изборите. Нашата опозиција е посебна и специфична и не мисли на доброто на идните генерации, ниту ја прифаќа волјата на мнозинството. Затоа и после 10 изборни циклуси продолжува да биде опозиција, велат од партијата.

Поврзани новости