ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е гневна на сите проекти што ги реализираме

by fokus

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ, кој побара да запре изградбата на панорамското тркало во Вардар, кое ќе чини 20 милиони евра, а тие пари да се искористат за гасификација на главниот град.

-Ништо ново од СДСМ, партија која постојано настапува деструктивно и безидејно, без ниту еден конкретен предлог за реално подобрување на животот на скопјани. Токму спротивното – СДСМ во гнев и немоќ го оштетува и руши тоа што е направено за градот и неговите жители. СДСМ може само да сонува дека така се добива довербата од граѓаните. Ова е докажано безброј пати на избори, а казната за СДСМ од граѓаните поради нивното деструктивно делување ги чека во првата наредна прилика, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму во партиското соопштение се набројуваат сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ, за кои велат дека СДСМ била гневна што успеале да ги реализираат.

Поврзани новости