ВМРО-ДПМНЕ: СДС знае да управува само со лажни ветувања

by Fokus 09:29
09:29

„СДС уште не влезе во влада почна да релативизира. Се што ветуваа за избори сега го претставуваат како цел кон која тежнеат. Толку вреди зборот на СДС, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека народот чека субвенции, поголеми плати просечна плата од 30.000 денари како што ветуваа, тие смислуваат црни сценарија за ВМРО-ДПМНЕ, се со цел народот да заборави на лажните ветувања кои СДС ги расфрлаше во изминатиов период. СДС знае да управува само со лажни ветувања и смислување на црни сценарија – се наведува во соопштението од ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од таму тврдат дека наместо СДС да спроведува реформи кои долго време ги најавуваше, тие организираат хистерични хајки против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се елиминира единствената политичка партија која деноноќно работи за националното единство и просперитетот на сите граѓани во државата.

– Деструктивната политика на СДС се повеќе се забележува. Налудничаво е СДС да говори за судскиот систем, но сосема очекувано е да бега од исполнување на економските ветувања. Првата изјава на Зоран Заев затоа не е за покачување на пензиите или покачување на просечната плата до 30.000 денари. Првата изјава е за смена на Јавниот обвинител кој го гони, затоа што барал поткуп од едно евро за Вице -тврдат од опозициската партија.

 

Поврзани новости