ВМРО-ДПМНЕ: СДС врши притисок врз медиумите

by Fokus 17:52
17:52

Анти-реформската влада на СДС започна да се пресметува со медиумите кои Заев ги прогласи за најголеми непријатели, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тиранијата и притисокот врз медиумите е еден од првите чекори на анти-реформската влада на Зоран Заев. Заев и СДС со притисокот кон медуимите сакаат да ги понижат и да ги натераат да станат нивни вазали. Медиумите кои искажале некаква критика кон Заев, СДС и нивните експоненти во минатото сега се приморани јавно да им се извинуваат. Ова е јасен почеток на еден недемократски режим и диктатура врз сите неистомисленици на Заев и СДС – се наведува во партиското соопштение на ДПМНЕ.

- Advertisements -

Поврзани новости