ВМРО-ДПМНЕ: СДС сега ќе почнат да отпуштаат работници

by Fokus
СДС со стопирањето на капиталните инвестиции кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ ја втурна економијата во рецесија со пад на БДП од 1.8 проценти. Градежната индустрија беше прва на удар која со себе повлече 25 индустриски гранки кои се тесно поврзани со неа. Во секој момент се очекуваат првите отпуштања на работниците во овие сектори, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Немањето чувство во трошењето на девизните резерви на државата како и континуираното задолжување на државата ја активираше и инфлаторната спирала која за месец август изнесува 1.9 проценти. Тоа значи дека не само што граѓаните ќе ги загубат своите работни места и изворот на егзистенција, тие ќе плаќаат и повисоки цени за основните потреби за живот. Животниот стандард во Македонија од ден во ден се намалува благодарение на овие катастрофални политики на СДС. Тој ќе го продолжи својот слободен пад и во иднина благодарени на новите давачки и повисоките даноци кои ги предвидува Заев и СДС – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости