ВМРО-ДПМНЕ: СДС сака да се реваншира на сите кои не мислат како неа

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја блокираше крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев, каде изјава даде Благица Ласовска која рече дека веќе 14 дена ВМРО-ДПМНЕ на различни начини го искажува својот револт, гнев и бунт против политички реваншизам којшто се случувал во Македонија.

-На овој начин сакаме да дадеме поддршка ние пратениците кои сме тука, но и граѓаните на Република Македонија поддршка на нашите колеги, но не само на нашите колеги туку и на сите оние невини граѓани кои што поради политички реваншизам се во занданите во Република Македонија. Владејачката партија СДС кој што дојде под мотото живот за сите, за жал не покажува интерес за живот за сите, туку напротив таа реши на ваков суров и брутален начин да се реваншира и сите они кои што не мислат како што мисли таа да ги стави во затвор, рече Ласовска.

Поврзани новости