ВМРО-ДПМНЕ: СДС краде 24 милиони евра од земјоделците

by Fokus

Со секој поминат ден граѓаните се повеќе воочуваат дека се жртва на предизборните лаги на СДС. СДС пред да дојде на власт ветуваше 160 милиони евра субвенции, за сега во предлог буџетот за 2018 година за субвенции да одвојува само 136 милиони евра, односно цели 24 милиони помалку од предвиденото, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС краде 24 милиони евра од земјоделците, без да каже на што ќе ги троши парите кои ги зема од земјоделците. Намалениот буџет за земјоделците значи помалку пари за производителите на храна, кое ќе предизвика помало производство на земјоделски и сточарски продукти од македонските земјоделци, а во исто време ќе го зголеми увозот на тие производи од трети земји. Намалувањето на земјоделските субвенции ќе направи Македонија од извозник на одредени земјоделски култури да стане увозник, тоа ќе значи згаснување на одредени гранки и голем број на семејства ќе останат без егзистенција – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости