ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја враќа сиромаштијата, криминалот и масовната трговија на црно во 90-тите

by Fokus

Беда, сиромаштија, криминал и масовна трговија на црно ова беше Македонија која СДС ја создаде во 90-тите за време на криминалната транзиција, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните во изминатите 10 години видоа дека Македонија може да биде економски стабилна и силна држава доколку се работи како што работеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Држава во која ќе се намалува невработеноста и ќе расте просечната плата како и стандардот на живеење – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, СДС со своите катастрофални економски политики сигурно ги враќа граѓаните во 90-тите.

– Стапката на невработеност ќе расте, просечните плати веќе се намалуваат и сите економски показатели покажуваат дека Македонија влегува длабоко во рецесија. СДС и покрај нереализацијата на ниту еден крупен капитален проект успеа да ја задолжи Македонија и потроши од девизните резерви нешто повеќе од 540 милиони евра. Пари на граѓаните, кои ги потроши за партиски вработувања и задоволување на апетитите на своите партиски послушници. Сето ова ја придвижи и инфлаторната спирала. За август месец според народна банка инфлацијата во Македонија изнесува 1.9 проценти. Ова за граѓаните значи дека тие плаќаат повисоки цени за основните потреби за живот – продолжува понатаму во соопштението на ДПМНЕ.

Поврзани новости