ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја дефокусира јавноста со црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Атентатот што се случи врз Никола Тодоров е директна последица на хистеричната и неаргументирана хајка што СДС и невладините организации финансирани од Сорос ја реализираат неколку години. СДС има одговорност и тоа не може да го сокрие преку лажни реакции и изјави, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата на СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев ветуваа дека ќе ги вратат младите во Македонија и дека ќе тече „мед и млеко“. Во текот на кампањата ветуваа на лекарите дека ќе земаат 100.000 денари, а сега велат дека тоа им е цел која би се остварила до крајот на мандатот. Додека народот ги очекува ветуваните поголеми плати, пензии, просечната плата од 30.000 денари, СДС се обидува да дефокусира со скапо платена, деструктивна и лажна црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости