Владејачката СДСМ ја претвори државата во приватна фирма, која работи за потребите на партијата и бизнис моќниците во врвот на власта и безсрамно преку владата со парите на граѓаните ја плаќа царината за акумулаторите кои ги увезува фирмата на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС ја претвора државата и граѓаните во робови на мултимилионерот Анѓушев, кланот Заеви и бизнис моќниците блиски до власта, за со нивните пари и труд да ги зголемуваат сопствените богатства, плаќајќи ја царината за фирмите на Анѓушев.бСДС безсрамно ги лаже граѓаните со секое партиско соопштение. СДС се става во функција на портпарол на владата и невешто се обидува да ја правда одлуката на владата за ослободување од царина на акумулаторите кои во Македонија ги користи само фирмата на Кочо Анѓушев – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.