ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно виновна што умираат граѓани од загадениот воздух

by fokus

СДС е директно виновен што секој ден се губат човечки животи поради енормното загадување, обвинија утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветувањето на СДС за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи, а владата не презема ништо. Шилегов е градоначалник повеќе од еден месец, СДС половина година раководи со владата, а нема суштински мерки против загаениот воздух. Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДС не презема никакви мерки, а Шилегов глуми градски шарлатан. Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека додека владата се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања, а по стапките на владата на СДСМ тргнале и нивните градоначалници.

Поврзани новости