ВМРО-ДПМНЕ: Резултати во економијата има, тие се нула

by fokus

Една голема нула повеќе од една година за целата економија, економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев  ја уништува  економијата, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ повеќе од една година е на власт, а економијата не само што не оди напред, туку стагнира. Минатата година ја завршивме со 0% раст на БДП, првиот квартал од 2018 година со 0.1%. Ова е дно. Додека земјите од регионот и Европа бележат вртоглав раст, ние стагнираме. Економските индикатори не се единствен параметар кој укажува на бедата кон која ја води картелот државата. Граѓаните живеат се полошо и полошо. Цените во  малопродажба се се повисоки, а  платите се  помали. Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече околу 20 други гранки со себе, е во пад. 37% изнесува падот во градежништвото. Ова не е  дно, ова е пробиено дно. СДСМ покажа дека не знае да ја води Република Македонија. СДСМ  за една година покажа целосна неспособност. Една година граѓаните тонат во беда, а животот кој толку надежно го најавуваа дојде само за фирмите на Заеви и Анѓушев, кои влегуваат во милионски бизниси и зделки, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости