ВМРО-ДПМНЕ резервирана за поканата од Заев заедно да го соопштат евентуалниот договор со Грција

by fokus

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва во изјава за „Фокус“ велат дека несериозно би било да даваат мислења за процес за кој не се информирани, одговарајќи на прашањето дали ќе ја прифатат поканата од премиерот Зоран Заев да застанат заедно при сооштување на евентуален договор за името со Грција, доколку решението за нив би било достоинствено.

-Ние неколку пати јавно кажавме дека изразуваме загриженост за егзибиционистичкиот начин на водење на преговорите. СДСМ и Заев ги водеа сами преговорите и не ја известуваа ниту јавноста, ниту никој, што и како преговараат, па затоа и ние и сите останати бевме исклучени од процесот. Нашиот став е јасен во врска со ова и го имаме повторено многу пати јавно. Бидејки сето ова Заев го води далеку зад очите на јавноста, несериозно е ние да лицитираме и да даваме мислења за процес за кој не сме информирани, бидејќи веќе видовме колку несериозно се водат преговорите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, премиерот Зоран Заев рече дека убаво би било сите политички чинители, вклучително и опозицијата застанат заедно при соопштување на евентуалниот договор со Грција.

Поврзани новости