ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино!

by fokus

Портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес конференција обвини дека РЕК Битола склучила договор во вредност од 632.000 евра со семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино.

-Ова е договор тежок 632.000 евра  со којшто РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино!
Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време“, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите. Набавка на средство за спречување на кревање прашина, потребно во топли сушни денови со високи температури. 

Како што веќе е објавено во јавноста, На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски, објасни Стоилковски.

Тој додаде дека со владина одлука од 14 јуни, ТЕЦ Неготино АД во сопственост на државата е присоединето со АД ЕСМ, а во тек било склучувањето на спогодбата за присоединување.

-Зошто во услови на тешка криза енергетска и финансиска сега се прави набавка за суви, топли денови?
Дали причината е токму присоединувањето на ТЕЦ Неготино, управувано од кадар и функционер на СДС со АД ЕСМ, односно да се фати последниот воз за набавка?
Дали сега кога имало само еден понудувач не можело да се прекине постапката?
Дали не било потребно да се запре постапката ако се има предвид дека единствен понудувач е семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино?, праша Стоилковски.

Поврзани новости