ВМРО-ДПМНЕ реагираат на пресот на Санитарниот инспекторат, а забораваат колку бебиња умреа за време на нивното „владеење“

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ експресно излезе со реакција на пресот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде што беа констатирани сите проблеми со кои се соочува скопската Клиника за гинекологија.

– Овие наоди на инспекторатот укажуваат дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, одржаните редица прес конференции пред самата клиника и привлекувањето на вниманието на јавноста како аларм и притисок на надлежните било оправдано и корисно доколку се преземат мерки и остранат недостатоците. Санитарниот инспекторат потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се трудело да привлече партиски поени со неточни вести, со манипулации или со лажни вести, туку одговорно како опозиција ја одиграла улогата на коректив на власта – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости