ВМРО-ДПМНЕ: Размазеното богато детиште Богоев ги лаже студентите

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Стефан Богоев од СДСМ дека за време на парламентарните избори ги лажел студентите кога им ветувал подобри услови за студирање и побрзо наоѓање на работа и го нарече размазено богато детиште.

-Размазеното богато детиште Богоев нема ни срам ни перде да зборува за младите. Тој и владата на СДС и Заев уште еднаш се обидуваат да ја потценат интелегенцијата на младите во Република Македонија. Поминаа 4 месеци откако СДС е на власт, а понуда за студентите за работа со скратено работно време нема. Богоев ветуваше и дека студентите ќе добијат студентска картичка за попусти во читални, библиотеки, кафетерии и ќе добијат разно разни други бенефиции. Но, младите од ветените бенифиции го видоа само бенефитот кој го доби Стефан Богоев, а тоа е пратеничката плата, изјави Теодора Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости