ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски го поставил својот кумашин за директор на Бирото за јавни набавки

by fokus

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за директор на Бирото за јавни набавки, го назначил својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски, велат од ВМРО ДПМНЕ. Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека Рашковски е класичен поим за непотизам во Владата на Зоран Заев. Таа го повика генералниот секретар да им одговори на граѓаните по кои услови е избран Ѓорги Георгиевски за директор.

– Рашковски преку владата на СДСМ дели државни функции на блиски членови од неговото потесно семејство. Пред само неколку дена за претседател на второ степената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска. Да потсетиме дека за да се реализираат ваквите незаконски дејствија Драги Рашковски го ангажираше својот кум Дејан Костиќ како правен застапник на Генералниот секретаријат на владата. При што неговата адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари, што значеше класично испумпување на средствата од буџетот – изјави Честојнова.

Таа рече дека граѓаните се сведоци како за овие стотина дена спротивно на закон се поставувале партиски послушници, самопрогалсени револуционери и некомпетентни кадри, а се разрешувале и отпуштале од работа докажани професионалци во институциите.

– СДСМ и Рашковски треба да знаат дека секое незаконско работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и сакционирано. За ваквиот начин на работење ќе има индивидулна и поединечна одоворност за секој оној кој се огрешил пред законот. Правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за тоа што го сторил. На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат не, за бандитизмот, непотизмот и неодговорноста кои се главната одлика на СДС – рече Честојнова.

Поврзани новости