ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг од претседателските избори

by Фокус 22:18
22:18

Со аплаузи и извици: „Да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ“, владејачката партија прогласи победа во првиот круг од претседателските избори. Ѓорге Иванов ги повика граѓаните на вториот круг од изборите да излезат уште помасовно и да му ја дадат поддршката.

„Стојам зад тоа дека ќе продолжам да се борам за државата. Ве повикам на 27 април уште помасовно и поединствено да покажеме дека Македонија ни е пред се и дека за иднината на Македонија ќе одлучуваат нејзините граѓани. Да покажеме уште еднаш дека нашите граѓани знаат да направат разлика. Македонија е најголемиот победник денеска“, изјави Иванов.

- Advertisements -

На прес-конференцијата се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

„Денеска победи ВМРО-ДПМНЕ и Иванов со убедлива поддршка со 436 илјади гласачи и со разлика со нашиот конкурент од околу 118.000 гласови. Денеска Македонија покажа дека има разлика и дека нашиот народ ја препознава таа разлика. Оваа волја на граѓаните покажа дека тие вреднуваат труд, чесна работа, одговорност и посветеност. Изминатиот период слушнавме многу анкети и истражувања. Некои можеби поверуваа во тие лажни анкети и прогнози, но сега е кристално јасно дека нашиот апел до неопределените беше реален и вистинит“, рече Груевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ победил во сите општини освен во Арачиново, Сарај, Чучер Сандево, Струмица, Карпош и Центар.

Поврзани новости