ВМРО-ДПМНЕ: Притворените за 27 април не се терористи, туку жртви

by Фокус

Не постои никаква правна аргументација за да се држат во притвор уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна на органите на прогонот е само ширење на страв и обид за сузбивање на секоја критичка мисла. Нивното притворање е притисок врз нив и нивните семејства, но и порака до сите оние кои би се обиделе да кренат глас против деструктивните и антидржавни политики на власта. Притворените не се терористи, туку жртви на политички прогон. Додека Заев е привелигирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права гарантирани со Уставот и меѓународните конвенции“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека кршењето на законите и процедурите од страна на правосудните органи при апсењето на лицата од 27-ми април го потврди и Народниот правобранител.

 

Поврзани новости