ВМРО-ДПМНЕ: Прилогот на „Телма“ со наводниот Тумбовски е неетички

by Фокус 22:09
22:09

ВМРО-ДПМНЕ вечерва реагираше во врска со телефонскиот разговор на новинарот на „Телма“ со лице кое се претставува како Загорац Тумбовски.

„Тоа лице Загорец Тумбовски со кого наворно разговараше новинарот и кое со најголеми навреди настапи кон ВМРО-ДПМНЕ и раководството на ВМРО-ДПМНЕ е правосилно осудено од страна на Врховниот суд за кривични дела и измама, перење пари и фалсификување на документи на 6 годишна затворска казна, и истото тоа лице е во бегство и по него има распишано меѓународна потерница и затоа зачудува како ТВ „Телма“ наводно стапила во контакт со него, но тоа е работа на самата телевизија и говори за професионалноста или непрофесионалноста и етиката или немањето етика на самата телевизија.
Останува да виси прашањето како ТВ „Телма“ на само 2 дена пред избори наводно стапила во контакт со Загорец Тумбовски кој е правосилно осуден на 6 годишна затворска казна за измама, перење пари и фалсификат на документи и е во бегство, зошто лицето Загорец Тумбовски во судската постапка или било кога досега не кажал работи, кои сега ги кажува она лице кое се претставува како него во телефонскиот разговор, зошто лицето Загорец Тумбовски бега од органите на правдата и за него постои правосилна пресуда ако е невино, и кој е мотивот ТВ „Телма“ да се обидува да претставува лице со ваков криминален бекграунд кој е докажан од Врховниот суд со правосилна пресуда за 6 годишна затворска казна како некаков наводен релевантен извор на информации и особено дали е етички и професионално да се користи како некаков наводен извор на информации, лице кое е правосилно осудено за измама, перење пари и фалсификат на документи и кое се бара со меѓународна потерница од страна на органите на правдата“, стои во реакцијата.

- Advertisements -

Поврзани новости