ВМРО-ДПМНЕ: Приказната на Заев дека Хоџа бил „вработен за лепче, а сега сам се повлекол“ е за мали деца

by Fokus

Зоран Заев продолжува да го потценува народот и лаже дека Хоџа си заминал затоа што си ја сака Македонија. Хоџа можеби си ја сака Македонија, но федерализирана, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев за свој советник за безбедност именуваше човек од американската  црна листа токму заради радикализам и екстремизам, кој што единствена опција гледа во федерализација на Македонија. Прашуваме кој тоа ги „мести коцките“ во оваа власт за една намена. Кој и кому му оди во прилог разнебитување на Македонија од внатре? Зоран Заев вели дека лично разговарал со човекот кој што тврди дека со оружје запоседнал територија која ја истргувал за висока функција во власта – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

 

Од паријата велат дека приказната дека Хоџа бил „вработен за лепче, а сега сам се повлекол“ е за мали деца и оти одговорност за овој скандал, мора да има и од тој што го именувал и од оние кои ја дале препораката.

Поврзани новости