ВМРО-ДПМНЕ: Премиерот нема никаква врска со парцелите на Водно

by Фокус

-Најостро реагираме и ги демантираме написите на медиумите финансирани од СОРОС, а под контрола на СДСМ, во врска со написот “Алсат-М: Камчев нов сопственик на плацевите на Груевски на Водно” и било каква поврзаност на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со посоченото земјиште, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека Орка Холдинг ги купила парцелите на Водно за кои СДСМ тврдеше дека се во сопственост на премиерот Груевски.

Од владејачката партија велат дека Груевски  ниту порано, ниту сега има било каква врска со тоа земјиште и бараат  неговото име да не се вмешува во вакви наводни афери кои биле неточни.

-Ние знаеме и за нас е разбирливо во недостиг на програма, проекти и резултати, СДСМ да продолжи со ваквата ниска, гнасна и црна пропаганда, но ние исто така знаеме и дека граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу секојдневната работа и присутност помеѓу нив и црната и лажна пропаганда што ја креираат медиумите на СДСМ и СОРОС врз неосновани и невистините информации, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости