ВМРО-ДПМНЕ предлага Анкетна комисија за „Фабриката за афери“

by Фокус

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ врз база на информација која што е доставена до сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија поведува иницијатива за формирање нова Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија, која ќе го расчистува скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, информира на денешната прес-конференција Илија Димовски.

-Оваа нова Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи ја црпи својата легитимност од член 17 од Уставот на Република Македонија, со кој што на граѓаните им е гарантирана слободата и тајноста на писмата и други видови на облици на општење. Член 18 од Уставот на Република Македонија со кој што се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци која што во овој случај очигледно не е обезбедена и член 25 од Уставот на Република Македонија, со кој што Република Македонија гарантира почитување и заштита на приватноста на личниот и семејниот живот на секој граѓанин на Република Македонија, рече Димовски.

Тој додаде дека се надева дека пратеничките групи во Собранието на Република Македонија ќе ја поддржат оваа иницијатива за формирање Анкетна комисија.

-Се надеваме дека Собранието со многу голема динамика и брзина ќе се зафати со расчистување на овој огромен можеби и најголем скандал со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, изјави Димовски.

Поврзани новости