ВМРО-ДПМНЕ правеше „симулација на миење на срамот“ пред Министерството за здравство

by fokus

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се протестот пред Министерството за здарвство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“, им порача на припадниците на МВР наместо да го чуваат министерството и министерот да одат да си ја работат работата.  

На крајот на протестот присутните со балони полни со вода фрлаа кон зградата на Министерството за здравство.

-Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хеликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот, рече Нелоски.

Нелоски рече денес е тажен ден, како и сите денови од оваа недела кога губевме по двоцифрен број на лица.

-Сега ве повикувам повторно со балоните со вода да им го исчистиме срамот, да го поздравиме и господинот кој не снима, сега одете вака снимајте го шоферот на Заев“, рече Нелоски коментирајќи ја постапката на лице кое од просториите на Минситерството за здравство го снимаше собирот и додаде „драги снимачи од внатре се надевам дека го снимивте протестот ако планирате да казнувате да знаете нема да не исплашите, следната недела пак доаѓаме тука пред Министерството за здавство и за провизија на Венко и Зоран за да им кажеме дека треба да си одат“.

Поврзани новости