Пратеник на ДУИ барал пари за својот глас за уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека десет пратеници на владината коалиција се против уставните измени, а еден пратеник барал пари за да го даде својот глас.

„Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата. Ковачевски не кажува дали 3 пратеници СДС од 1 и 2 изборна единица кажале дека нема да поддржат вакви уставни измени. Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи. Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека во СДСМ има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата.

„Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката. Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени. Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците“, додаваат од таму.

Поврзани новости