ВМРО-ДПМНЕ прашува: Кој го прати Артан Груби на средба со Нимиц?

by fokus

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бараат одговор од МНР на прашањето кој го пратил Артан Груби на средба со медијаторот, Метју Нимиц, откако самиот Груби преку соопштение до јавноста се пофали дека во Њујорк бил на ручек со посредникот во преговорите за името.

„Министерството за надворешни работи и Премиерот Заев на средба со пратеников се должни да одговорат кој го прати Артан Груби на средба со посредникот Нимиц? … Во пресрет на разговорите меѓу Димитров и Коѕијас се наметнува дилемата за кои одвоени прашања ќе разговараат двајцата министри? Дали ќе останат на ставот дека нема да се разговара за идентитетот, за промена на Уставот, јазикот и националноста – како што ветуваше Заев или се е ставено на маса за пазарење како што изјави Груби?“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Во информација за ручекот на Груби со Нимиц пак, се вели дели пратеникот на посредникот му ги пренел своите и партиските впечатоци околу интензивирањето на процесот. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо, но и да обезбеди брза евро-атланска интеграција.

Поврзани новости