ВМРО-ДПМНЕ потрошила шест пати повеќе пари отколку што собрала

by fokus

Финансиските извештаи на политичките партии за изборната кампања се нереални и контрадикторни. Дел од нив трошат повеќе пари од што пријавиле дека имаат, а скоро сите водат агресивна интернет кампања иако не прикажале расходи за неа.

Ова го увидела невладината Транспаренси интернешанал, која ги следела трошоците на партиите, но таа пресметка не се совпаѓала со онаа која партиите ја доставиле до ДИК. Според податоците, големите коалиции прикажале помалку пари од што потрошиле, додека малите обратно.

-ВМРО-ДПМНЕ во извештајот кој го доставија до ДИК прикажаа дека имаат донации од 4 милиони 431 илјада денари, а потрошени 43 милиони денари. А и тие расходи кои ги прикажале не се реални односно трошат и повеќе од тоа – рече Слаѓана Талева , претседателката на организацијата.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, уште четири други партии имаат негативни салда, односно непокриени расходи.

СДСМ пак, потрошила исто пари колку што собрала приходи, кои најчесто биле од донации од членови на партијата.

-Колку што зеле донации од членовите, до денар потрошиле. Не може извештајот да биде до толку на нула – забележува Тасева, но вели дека рано е да се зборува за малверзации.

Според информациите на „Транспаренси интернешанал” СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија потрошиле околу 59 милиони денари (956.380 евра), а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија околу 55 милиони денари (903.391 евра).

Поврзани новости