ВМРО-ДПМНЕ потрошила 714.000 евра на кампањата за парламентарните избори

by fokus 14:38
14:38

Овие податоци се презентирани во финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ, потпишан од Илија Димовски, а објавен на сајтот на Државната комисија за спечување на корупција.

Па така, партијата најмногу од парите потрошила за реклама и пропаганда, и тоа 614.000 евра, над 40.000 за копирање и печатење, десет илјади помалку за превоз, над 16.000 евра за телекомуникации, речиси 12.000 евра за изнајмнување на простор и опрема и 2.000 евра за други услуги.

- Advertisements -

Финансискиот извештај, потпишан од Оливер Спасовски, го објави и СДСМ, од кој што се гледа дека партијата имала приходи од 130.959 евра, од кои потрошиле 130.537 евра.

Најголемиот дел од парите партијата ги потрошила за рекламни услуги или 87.343 евра, а 40.329 евра за превоз. Останатите средства ги потрошиле за изнајмнување на простор и опрема.

Извештајот, пак, што го достави ДУИ, покажува дека партијата е во минус од околу 100.000 евра, односно имале приходи од над 200.000 евра, а расходи поголеми за сто илјади евра. Од ДПА, пак, имале расходи од илјада евра, а за кампањата потрошиле двојно повеќе.

Пред завршувањето на изборите, партиите се должни да објават уште еден финансиски извештај.

 

Поврзани новости