ВМРО-ДПМНЕ: Полициските специјалци појадуваат сув леб, мармалад и путер

by Fokus 16:09
16:09

Полициските специјалци од Единицата за брзо распоредување, појадуваат сув леб, мармалад и путер, рече на денешната прескоференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ниту една друга специјална единица во светот не се храни на овој начин. На луѓето што 24/7 треба да се грижат за безбедноста на нашата држава им се сервира сиромашна нискокалорична храна. Условите со кои се соочуваат припадниците на специјалната единица се катастрофални во секој поглед. Во просториите во кои што се сместени припадниците на Единицата за брзо распоредување нема топла вода за туширање, иако специјалците се таму и дење и ноќе, а смените често им траат и повеќе од 12 часа – рече Арсовски.

- Advertisements -

Тој рече дека над 1.500 припадници на специјалните единици, од поголем број на станици не им се исплатени парите за прекувремена работа.

 

 

Поврзани новости