ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд за одлуката за прегласување

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговорот на БЕСА и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар.

За ВМРО-ДПМНЕ ова е незаконска одлука на ДИК и директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на коалицијата За подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека доколку Упарвниот суд не пресуди онака како што тие сакаат, тогаш нема да ја прифатат одлуката и нема да учествуваат во прегласувањето.

Поврзани новости