ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Зоран Заев

by fokus

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев. Оттаму наведуваат дека премиерот иницирал повик на поткуп при избори на јавен митинг во Крива Паланка. Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик.

„Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости