ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 приговори до ДИК, а ТМРО два

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ТМРО и Алијанса за Албанците се единствените партии кои досега имаат поднесено приговори до Државната изборна комисија за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите, соопштија за „Мета“ од ДИК.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вкупно поднела 22 приговори, од кои дел се за постапката на гласање, а дел за сумирањето на гласовите. Засега не се открива колку од приговорите се однесуваат за самото гласање, а колку за пребројувањето, ниту пак за кои општини се однесуваат приговорите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДИК соопштија дека партијата ТМРО, на Ванчо Шехтански има поднесено два приговори, а Алијанса за Албанците на Зијадин Села еден приговор.

Поднесувачите на кандидатските листи денеска до 19 часот, кога се навршуваа 48 часа од завршувањето на гласањето, можеа да поднесат приговори за постапката на гласање, додека за рокот за жалбите за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува во 2 часот по полноќ.

Од ДИК соопштија дека утре, по истекувањето на последниот рок за поднесување приговори ќе излезат со детални информации.

Поврзани новости