ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од градоначалничката на Битола

by Fokus

Оставка од градоначалничката Наташа Петровска побараа денеска од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, поради  состојбите во битолското образование.  Осум основни и едно средно училиште веќе еден месец  се со исклучена струја, а деновиве само гимназијата „Таки Дасакло“, го платила долгот кон ЕВН.

-Неработењето на Наташа Петровска  почна силно да се рефлектира врз нас младите. На 10 дена до почетокот на учебната година, 9 училишта немаат струја, а задолжителниот превоз за ученици се уште не е регулиран. Најдобро е што можете да направите за нас младите е што поскоро да ја прекинете оваа фарса и да си однесете неотповиклива оставка, ако кај вас и кај вашите соработници постои грижа на совест, рече Марко Јосифовски УМСМ на ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

Поврзани новости