ВМРО-ДПМНЕ: Партиски функционери и нивни роднини се на листата на владини хонорарци

by Фокус

Додека државата осиромашува и згаснаа над 4.000 компании, партиски војници на власта земале хонорари до 1.000 евра, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако Владата ја објави листата на хонорарно ангажирани лица.

„За хонорари власта од 2019 до 2020 година исплатила над еден милион евра. Под закрила на владата биле 58 хонорарци, од кои денес се објавија само 55, меѓу кои Петрит Сарачини, Марко Михаилоски, претседател на СДММ, Јана Велковска, сестра на пратеничката Фаница Николовска, Дамир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски. На листата може да се види и името на Ванчо Узунов, поранешен потпретседател на СДСМ“, велат од ДПМНЕ.

Поврзани новости