ВМРО – ДПМНЕ пак со понудата до Заев: Ќе ја поддржиме владата на СДСМ, ако се откажат од платформата

by fokus

СДСМ мора јавно и јасно да се откаже од Тиранската платформа и елементите во неа кои ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Оправдан е стравот кај граѓаните после конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, во кое не ја отфрли Тиранската Платформа, туку напротив најави дебатирање по нејзините точки. Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев со цел да добие власт ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на Тиранската платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично. Револтот кај народот од ваквата неискрена политика и реторика на Заев и СДСМ станува се поголем. Граѓаните гледаат дека затскриено се подготвува редефинирање на државата.

Ние ја повторуваме нашата понуда.

Доколку СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од Тиранската Платформа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи Влада која што би ја формирал Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости