441
Скандалозна е одлуката на Апелацискиот суд за продолжување на притворите на лицата поврзани со настаните во Собранието на 27 април, оценува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги поддржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата“, стои во соопштението на ДПМНЕ.
Од оваа партија сметаат дека одлуката на судот е политичка конструкција.