ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не го продава Офицерскиот дом во Битола

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера изјави дека неговата партија ќе ја повлече одлуката за продажба на Офицерскиот дом во Битола, откако голем дел од јавноста се побуни против продажбата на ова културно наследство.

-Државните институции предводени од ВМРО-ДПМНе тргнаа со една идеја која што гледаме дека во изминатите денови граѓаните на Битола во мнозинство не ја поддржуваат. Го следевме тој процес и имавме меѓусебна комуникација. Размисливме и одлучивме да се стопира тој процес. Сигурно има некоја работа која нам не ни е докрај јасна, штом толку граѓани на Битола реагираат и ние треба да го почитуваме тоа, рече Груевски.

Интересно е тоа што Груевски рече дека партијата одлучила за вакво нешто, што треба да биде во надлежност на државата. Еден од трите услови од ЕУ и САД за одржување на избори во април е токму тоа: одвојување на државата од партијата.

Поврзани новости