ВМРО – ДПМНЕ обвинува дека пратеникот Димитриевски со тупаници нападнал момче

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека пратеникот Максим Димитриевски од СДСМ вчера нападнал момче и дека не било точно дека тој бил жртва и мета на нападот од неколкумина кои биле пијани.

Инцидентот се случил во ресторан во Куманово.

„СДСМ се претвори мафијашка структура која веќе нема никакви допирни точки со македонскиот народ. Врв на криминалното и насилничко однесување на злосторничкото здружение околу криминалецот Зоран Заев е вчерашниот срамен физички напад од страна на пратеникот Максим Димитриевски. Насилникот Димитриевски, без никаков повод и причина, се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23-годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која била нарачана“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ која бара расчистување на случајот.

 

Поврзани новости